Лука Дончиќ одигра уште еден антологиски натпревар во дресот на словенечката репрезентација, но не успеа да ѝ донесе победа во дуелот со Германија.
Еден од најважните моменти се случи на почетокот од второто полувреме кога суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс ја направи четвртата лична грешка поради што до крајот мораше да игра внимателно. Кога му беше досуден фаулот во напад врз Шредер, Дончиќ беше толку бесен што им гестикулираше на судиите дека се подмитени.
Dončić napravi faul u napadu pa pokazivao sudijama da su "plaćeni" pic.twitter.com/WxdPxwvlhg
— Institut for sport and health (@InstitutAn9211) September 10, 2025
Освен тоа, камерите го фатија како ги пцуе што беше уште еден излив на бес кон делителите на правдата.


