Лука Дончиќ повторно беше незапирлив. Словенецот ги предводеше Лос Анџелес Лејкерс до убедлива победа со 119-95 над Милвоки Бакс, со уште една магична игра и 41 поен за 38 минути на теренот.
Овој натпревар беше исто така историски: Дончиќ постигна 40 поени по 50-ти пат во својата НБА кариера пред неговиот 27. роденден. Пред него, само Мајкл Џордан, Вилт Чемберлен и Боб Мекаду успеаја да го направат тоа. Дончиќ шутираше 9/19 од поле, вклучувајќи 5/11 за тројка, а од линијата за слободни фрлања беше одличен – 18/20. Исто така забележа 9 скока, 6 асистенции, 2 блокади и една украдена топка, постојано држејќи ги Лејкерс во ритам.
Најголемата поддршка дојде од Остин Ривс со 25 поени и 8 асистенции, додека Диандре Ејтон додаде 20 поени и 10 скока. Лејкерс играа без Руи Хачимура и Маркус Смарт, како и без Леброн Џејмс, кој уште не одиграл натпревар оваа сезона.
Од друга страна, Милвоки го држеше во живот само Јанис Антетокунбо, стрелец на 32 поени и 10 скока. Сепак, Бакс не беа во можност да одговорат на агресивниот почеток на Лејкерс. Тимот од Лос Анџелес доби двоцифрена предност во првото полувреме, а дури и кога Милвоки се обиде да се врати со серија од 20-5 во третата четвртина – Дончиќ и Ривс го одбија налетот.
Лејкерс така ја забележаа втората победа по ред и сега се на 10/4, додека Милвоки го претрпе третиот пораз во последните пет натпревари и падна на 8/6.
РЕЗУЛТАТИ
Кливленд – Мемфис 108-100
Индијана – Торонто 111-129
Шарлот – Оклахома 96-109
Минесота – Денвер 112-123
Милвоки – ЛА Лејкерс 95-119


