Лос Анџелес Лејкерси ги победи Мемфис Гризлис со 128-121 во првиот од двата последователни натпревари меѓу овие две екипи.
Дуелот беше тесен до самиот крај, а Лејкерс дојдоа до победата со серија во последната четвртина. Домаќините го отворија натпреварот фуриозно и создадоа рана предност, шутирајќи со дури 80% успешност од поле и поведоа со 11 поени разлика. Сепак, со влегувањето на играчите од клупата, Гризлис се вратија во игра. Тие успеаја да го израмнат резултатот со серија од 16-4, но и покрај налетот на гостите, Лејкерс имаа водство од осум поени на крајот од првата четвртина.
Втората четвртина донесе продолжение на возбудувањата. Лејкерс повторно поведоа со двоцифрена разлика, но Мемфис ја намали негативата со серија од 10-0, а тројка на поранешниот играч на Лејкерс, Кентавиус Колдвел-Поуп ги однесе гостите во водство. Во тој период, нападот на домашниот тим застана цели три минути. Потоа Леброн Џејмс ја презеде играта, постигнувајќи шест поени во низа за водство на својот тим, па Лејкерс заминаа на голем одмор со +6.
Клучен се покажа последниот период, екипите се бореа за секој кош, а одлучи серијата од 12-2, во која Џејк Ларавија погоди важна тројка. Гостите од Мемфис немаа одговор на налетот на домаќините, кои дополнително го зголемија водството до крајот на натпреварот и мирно го приведоа натпреварот кон крајот. Натпреварот го одбележаа двете мегаѕвезди на Лејкерс, Лука Дончиќ со 34 поени, шест скока и осум асистенции и Леброн Џејмс со 31 поен, девет скока и шест асистенции. Следниот натпревар на овие две екипи е веќе утре, повторно на теренот на Лејкерс.
РЕЗУЛТАТИ:
Индијана – Сан Антонио 113-123
Вашингтон – Бруклин 119-99
Кливленд – Денвер 113-108
Њујорк – Атланта 99-111
Чикаго – Орландо 121-114
Милвоки – Шарлот 122-121
Њу Орлеанс – Портланд 109-122
Феникс – Сакраменто 129-102
Голден стејт – Оклахома 94-131
ЛА Лејкерс – Мемфис 128-121


