Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лула Дончиќ вчера уживаше во триумфот на Илирија која ја победи Цибона и обезбеди пласман во првата АБА лига.
Неговиот татко Саша е генерален менаџер на клубот и двајцата го водат како нивен личен проект, па не е чудо и нивното задоволство по остварувањето на главната цел за оваа сезона. Лука и лани присуствуваше на неколку натпревари на тимот, тогаш во плејофот од словенечкото првенство, а по големиот успех, одлучи да го награди клубот.
Словенечките медиуми објавија дека пред почетокот на плејофот, тој ветил дека во случај на триумф во АБА лигата ќе донира 400 илјади евра. Илирија ја испушти првата шанса против Босна, но до посакуваниот триумф стигна против друг поранешен европски шампион.
Засега е нејасно дали овие 400 илјади евра ќе бидат исплатени како премија на кошаркарите или ќе се искористат за засилувања за тимот за идната сезона кога тимот од Љубљана ќе настапува во многу поквалитетно друштво.


