Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ е најпопуларен НБА спортист, објави американскиот новинар Марк Стајн по истражувањето на гледаноста на содржините на социјалните мрежи.
Според него, Лука Дончиќ има собрано 845 милиони прегледи на социјалните мрежи, што е далеку над конкуренцијата. По одличниот Словенец следува Виктор Вембанјама со бројка од 708 милиони, а првата ѕвезда на Голден Стејт Вориорс, Стефен Кари, е блиску со 70 милиони3.
Меѓу првите пет со најмногу прегледи се и Леброн Џејмс со 641 милион и Шеј Гилџес Александер со 495 милиони. Никола Јокиќ не се најде во топ-5, но е веднаш зад нив со 445 милиони прегледи во текот на годината..


