Лука Дончиќ и натаму не е целосно заздравен по повредата поради која паузираше околу седум недели што може да се заклучи и од неговата форма и од тоа што го пропушти ноќешниот меч против Портланд.
Неговото отсуство, сепак, не се почувствува бидејќи на сцена стапија Леброн Џејмс и Остин Ривс, па Лејкерс славеа на гостувањето во Орегон со 110-102 за прекин на мини-серијата од два пораза. Особено блескаше Леброн кој постигна 40 поени, вклучувајќи осум по ред во последната четвртина кога Лејкерс ја направија клучната серија за триумф на овој натпревар.
На стартот на последниот период, резултатот беше израмнет (81-81), а потоа гостите направија 10-3 со што се одлепија и таа предност ја сочуваат до крајот. Во отсуство на Дончиќ, Остин Ривс доби поголема слобода и максимално ја искористи, постигнувајќи 32 поена и 7 асистенции, а од останатите играчи само Фини Смит беше двоцифрен, со 10.
Кај Портланд се истакна Дени Авдија кој долго време сам го одржуваше тимот во егал, но на крајот и тој попушти. Израелскиот репрезентативец постигна 28 поени, следен од Камара кој реализира 19.
РЕЗУЛТАТИ
Индијана – Мемфис 127-113
Филаделфија – Бостон 104-124
Атланта – Орландо 108-114
Бруклин – Кливленд 97-110
Њујорк – Чикаго 113-111
Милвоки – ЛА Клиперс 116-110
Денвер – Шарлот 129-115
Сан Антонио – Феникс 120-109
Портланд – ЛА Лејкерс 102-110


