Лука Дончиќ нема да заигра повторно до крајот на основниот дел од сезоната во НБА и поради тоа испаѓа од конкуренција за индивидуалните награди, како и можноста да биде избран во идеалните петорки.
На словенечкиот ас му недостасува само еден натпревар, остана на 64, а минимумот за да биде во конкуренција изнесува 65. Навистина штета со оглед на тоа што Дончиќ е убедливо најдобар стрелец оваа сезона во НБА и имаше големи шанси дури и во трката за МВП наградата.
Сепак, неговиот менаџер Бил Дафи ќе се обиде да го остави Дончиќ во конкуренција за наградите, а за тоа ќе се повика на едно правило кое никогаш порано не било искористено. Лука и неговиот агент ќе се обидат да докажат дека двата декемвриски натпревари што Словенецот ги пропушти поради патувањето во татковината за раѓањето на второто дете не биле реално достижни и затоа не треба да бидат на списокот од 82 меча, од кои кошаркарот на Лејкерс би морал да одигра 65. Случајот веројатно ќе вклучува и срамни приватни информации, но едноставно нема друг начин, а сето тоа е исклучително важно и за неговиот статус и за неговите идни договори.
Лука навистина не сака неговата историска сезона да пропадне и мора да постапува според колективниот договор, на кој беа додадени посебни членови кога беше воведено правилото од 65 натпревари. Сепак, има рок до последниот меч од основниот дел на сезоната да поднесе приговор и да ги искористи клаузулите кои можеби ќе му помогнат да остане во конкуренција за најголемите награди во НБА.


