Лос Анџелес Лејкерс израмни на 1-1 во серијата против Минесота откако утринава на домашен терен славеше со 94-85.
Клучна се покажа првата четвртина во која блескаше Лука Дончиќ, постигнувајќи 16 поени, а која Лејкерс ја добија со 34-15. Во натамошниот дел од мечот, предноста одеше и до 24 разлика, но во последниот квартал Минесота се доближи на само девет поени негатива, па на Дончиќ очајно му беше потребна помош од соиграчите.
Во клучните моменти, таа дојде од Леброн Џејмс кој погоди неколку важни шутеви и влезови и Лејкерс се оддалечија на пристојна предност која се покажа недостижна за гостинскиот тим. Се истакна и Остин Ривс кој повторно покажа колку е значаен за овој тим на Лејкерс.

На крајот, Дончиќ постигна безмалку третина од поените на Лејкерс (31), плус 12 скока и 9 асистенции, Леброн заврши со 21 поен, 11 скока и 7 асистенции, а Ривс додаде 16 поени. Кај Минесота, најдобри беа Рендл и Едвардс кои постигнаа 27, односно 25 поени. Серијата сега се сели во Минеаполис каде се играат следните два натпревара.
РЕЗУЛТАТИ
Индијана – Милвоки 123-115 (2-0)
Оклахома – Мемфис 118-99 (2-0)
ЛА Лејкерс – Минесота 94-85 (1-1)


