Лос Анџелес Лејкерс убедливо ја победи Минесота (128-110) во својот втор натпревар од новата НБА сезона.
Прва ѕвезда на мечот беше Лука Дончиќ кој одигра одличен натпревар, завршувајќи со ефект од 49 поени, 11 скока и осум асистенции. По поразот од Голден Стејт Вориорс со 109-119 во првиот натпревар од сезоната, Лејкерс се сретнаа со тимот што ги елиминираше во плејофот минатата сезона, во првото коло од Западната конференција. Без повредениот Леброн Џејмс, Дончиќ го презеде целиот товар и одигра меч за паметење.
Неговата статистика од првите два натпревара во сезоната се неверојатни, Дончиќ стана првиот играч во историјата на НБА кој постигнал 40+ поени, 10+ скока и 5+ асистенции во своите први два настапа во сезоната. Освен тоа, тој стана и четвртиот играч во историјата на НБА кој постигнал 40 или повеќе поени во првите два натпревари од сезоната. Пред него, тоа им успеало само на Ентони Дејвис (2016/17), Мајкл Џордан (1986/87) и Вилт Чемберлен (1961/62, 1962/63).
Против Минесота шутираше 14/23 од игра, вклучувајќи 5/12 од линијата за три поени како и 16/19 од линијата за слободни фрлања. Остин Ривс додаде 25 поени, заедно со седум скока и 11 асистенции, а Руи Хачимура постигна 23 поени за победата на Лејкерс. Во поразениот тим, најдобри беа Ентони Едвардс со 31 поен и Џулиус Рендл со 26 поени, девет скока и пет асистенции.


