Иако во сенка на Никола Јокиќ, словенечката суперѕвезда во дресот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ игра извонредно и со секоја нова сезона поставува нови стандарди во НБА лигата.
Со оглед на повредата на Јокиќ, тој во моментов е меѓу кандидатите за МВП признанието што и не е случајно бидејќи е најдобар стрелец во лигата. Освен тоа, бројките зад неговото име во другите статистички категории покажуваат дека навистина игра извонредно и дека оваа сезона би можела да биде негова.
На 31 натпревар досега, Дончиќ има 1.036 поени, 244 скока и 274 асистенции, а до бројките 1.000-200-200 стигна по само 30 настапи. Фактот дека му требало толку малку натпревари за да помине три магични граници во исто време е фантастично достигнување, но тоа и не е најинтересно во овој случај.
Ниеден друг кошаркар во историјата не успеал со толку мал број натпревар да дојде до овие бројки, а Дончиќ го направи тоа дури два пати. Првиот пат беше во 2023 година кога уште беше член на Далас Маверикс.


