Тинејџерската сензација на Далас, Купер Флег очекувано е прогласен за дебитант за сезоната во НБА лигата за 2025/26.
Првиот пик на ланскиот драфт заслужено го освои првото место во гласањето на 100 претставници на медиумите, но не беше толку убедлив како што се очекуваше. Тој имаше голем конкурент во својот поранешен цимер од Дјук, Кон Кнупел. Флег имаше само 26 гласа повеќе од играчот на Шарлот, кој постигна најмногу тројки во лигата оваа сезона и сериозно се наметна за престижната индивидуална награда. Разликата помеѓу Флуг и Кнупел е втора најмала во историјата на гласањето за дебитант на сезоната.
Само Скоти Барнс (378 поени) и Еван Мобли (363) водеа понеизвесна битка, во сезоната 2021/2022.
Флег доби 56 гласа за првото место, останатите му припаднаа на Кнупел. Младата ѕвезда на Далас, исто така, доби 44 гласа за второто место, додека Кнупел имаше 55 плус еден за третото место. Со 19 години, Флег е вториот најмлад почетник на годината по Леброн Џејмс.


