Рускиот кошаркарски клуб Зенит денеска соопшти дека Александер Секулиќ е разрешен од должноста главен тренер на екипата.
На местото на селекторот на словенечката репрезентација, Максим Учајкин привремено ја презеде улогата на шеф на стручниот штаб, а претседателот на Управниот одбор на рускиот клуб, Александар Медведев, објасни зошто Зенит одлучи да ја прекине соработката со Секулиќ. Тој верува дека паралелниот ангажман на Словенецот во клубот и во репрезентацијата бил невозможна комбинација.

„За жал, примерот на Александар Секулиќ уште еднаш докажува дека е невозможно истовремено да се извршуваат функции во клубот и во репрезентацијата. Не можете да впрегнете коњ и плашлива срна на иста количка“, изјави Медведев за „Мач ТВ“. Секулиќ ги пропушти подготовките на екипата затоа што со репрезентацијата на Словенија учествуваше на Европското првенство минатото лето и на тимот му требаше долго време за да ја пронајде вистинската форма.
Зенит моментално го зазема петтото место во ВТБ лигата со резултат од 13 победи и осум порази. До пред две недели, член на Зенит беше и македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој во меѓувреме го напушти тимот и се пресели во Баерн.


