Макаби Тел Авив беше рутински поразен од Реал Мадрид во 21. коло од Евролигата (86-98), а враќањето од Шпанија, никој во клубот нема да се памети добро.
Израелски медиуми објавија дека авионот со кој летал Макаби Тел Авив бил погоден од гром при слетувањето на аеродромот во Тел Авив. Леталото со делегацијата на „Гордоста на Израел“ летал околу половина час над аеродромот, а причина биле лошите временски услови, кои не му дозволиле на авионот да слета.
Кога, конечно, дошол моментот за слетување, се случил удар од гром, потоа одеднаш се вклучиле светлата, а се слушнала и експлозија. Никој во авионот не знаел што се случува, сè додека капетанот не објавил и не рекол дека слетувањето е успешно завршено.
„Видовме голема експлозија во близина на моторот, воопшто не беше пријатно“, рече Ти Џеј Лиф.
Она што се случило во авионот не го оставило имун ниту првиот човек на клубот од Тел Авив, Шимон Мизрахи.
„Почувствувавме многу силен удар на предниот дел од авионот. Се покажа дека е молња. Пилотот подоцна објави дека ја надминал турбуленцијата и безбедно продолжил со слетувањето. Фала му на Бога што сè помина добро. Не бев под стрес, иако некои беа“, рече Мизрахи.


