Општо е познато дека германскиот репрезентативец Денис Шредер не може да го поднесе Лука Дончиќ и на нивните дуели секогаш има искри меѓу двајцата.
Кулминација бил мечот одигран на 28 декември кога европските суперѕвезди прво имаа судир на теренот, а сето тоа можело да ескалира по натпреварот. Лејкерс славеа на тој дуел, но двајцата кошаркари се „боцкаа“ еден со друг во текот на целиот натпревар. Сите очекуваа тоа да остане на теренот, ама очигледно се прелеало и надвор од него.
Шредер не го прифатил добро тоа и решил да го почека Дончиќ по натпреварот за физички да се пресмета со својот голем ривал. НБА објави дека Германецот е суспендиран на три натпревари затоа што „сакал и се обидел да удри противнички играч“, додека Крис Бејнс известува дека „играчот“ бил словенечкиот ас. Ситуацијата се случила на паркингот на арената во Лос Анџелес каде се играше натпреварот.
Којзнае како ќе завршела нивната пресметка ако тренерот на Сакраменто, Даг Кристи, со помош на играчите, не го одвлекол Шредер, додека Лука и неговиот татко, Саша Дончиќ, заминале до автомобилот. За суспензијата, германскиот репрезентативец ќе биде и соодветно казнет и ќе остане без еднонеделна плата.


