Амбициозниот проект од Сомбор доживеа тотално фијаско откако Никола Јокиќ и неговото семејство излегоа од Кошаркарскиот клуб Џокер.
Од клубот уште нема таква потврда, но тоа го откри досегашниот тренер на екипата Владимир Лучиќ кој денеска доби отказ. Тој ја водеше екипата нешто повеќе од еден месец откако го замени Жељко Лукајиќ на позицијата.
„Семејството Јокиќ излезе од клубот, тие беа главни финансиери и задолжени се да биде на највисоко ниво. Спортскиот директор остана изненаден и мораше некако да реагира, а ние имавме состанок со братот на Никола, Страхиња Јокиќ кој ни предочи дека ќе биде во клубот до 19 јануари, односно до денеска и дека после си заминува. Тоа значи дека повеќе нема учествува во финансирањето и тренерите и играчите се слободни да си бараат нова средина“, рече Лучиќ.
Сега станува јасно и зошто Џокер го откажа својот настап во АБА 2 лигата бидејќи од клубот не беа објавени причините за таквата одлука. Најдобрите играчи во тимот веќе си заминале и бараат нова средина, а нема да биде изненадување ако Џокер тотално згасне по ваквиот развој на настаните.


