Силниот меѓународен турнир што требаше да се одржи кон крајот на септември во Дубаи и кој беше планирано да биде фантастична најава за новата клупска сезона, сепак нема да се одржи.
Новоформираниот клуб Дубаи ги покани Панатинаикос, Реал и Црвена Звезда и сите три ја прифатија понудата. Сепак, на крајот турнирот е откажан, а на таков потег домаќинот се одлучил за да не си ја комплицира ситуацијата во преговорите со Евролига за учество во елитното натпреварување во иднина.
Ваквиот развој на настаните отвора дупка во распоредот на трите евролигаши кои ќе треба да побараат начин да ја пополнат во следниот период.


