Откако минатата недела пред своите навивачи загуби од Црвена Звезда, актуелниот европски шампион Фенербахче вечерва доживеа дебакл на истото место.
Дебитантот во Евролигата, Дубаи му одржа лекција на турскиот тим, совладувајќи го со 93-69 за еден од најтешките порази на Фенер на домашен терен. По четири одиграни натпревари, тимот на Шарунас Јасикевичиус има биланс 1/3, а единствениот триумф го оствари во воведното коло, против Париз.
Главен протагонист на денешниот натпреввар беше канадскиот интернационалец Јабенгеле кој постигна 26 поени, а интересно е тоа што Дубаи ги имаше најдобрите четворица стрелци на мечот. Со 12 поени, најефикасен кај Фенербахче беа Болдвин и Колсон.


