Црвена Звезда го доживеа најубедливиот пораз во АБА лигата оваа сезона откако вечерва во Сараево загуби од Дубаи со 91-114.
Треба длабоко да се прочепка низ историјата за да се види дали белградскиот тим некогаш примил повеќе поени на еден меч од регионалното натпреварување, но Дубаи денеска до врв го наполни кошот на еден од најголемите фаворити за титулата. Неизвесно воопшто немаше бидејќи само во првото полувреме Дубаи постигна 63 поени и на голем одмор замина со предност од 20 разлика, па вториот дел остана само како формалност на овој меч.
Црвена Звезда веќе има пет порази во АБА лигата оваа сезона и е само со теоретски шанси да стигне до првото место бидејќи Партизан ѝ „бега“ дури четири бода. Веќе во следното коло се игра првото „вечно“ дерби во АБА оваа сезона, а домаќин ќе биде токму Звезда.


