Љубителите на кошарката во престолнината на БиХ, Сараево ќе имаат можност да гледаат два натпревара од Евролигата во својот град.
Дебитантот во елитното натпреварување Дубаи таму ќе ги пречека израелските клубови Хапоел (на 6 ноември) и Макаби (на 16 ноември). Натпреварите ќе се играат во арената Зетра, а домаќинот на Олимписките игри во 1984 година не е случајно избран за овие два меча.
Дубаи го избра Сараево затоа што е роден град на генералниот менаџер на клубот Дејан Камењашевиќ кој беше клучна фигура во изградбата на екипата и влезот во европската кошарка, прво во АБА, а потоа и во Евролига. Клубот мораше да најде место надвор од Обединетите Арапски Емирати каде ќе ги пречека израелските клубови и Камењашевиќ ќе има можност првпат со својот проект да гостува таму.


