По Дубаи, уште еден кошаркарски клуб од Блискиот Исток планира да заигра на европско тло.
Проектот со седиште во Абу Даби постепено ги поставува темелите за учество во натпреварувања како што се АБА и Евролигата во наредните години. Се очекува Абу Даби да го следи патот на Дубаи и да игра во АБА лигата во сезоната 2027/28.
Долгорочната визија вклучува и учество во системот на Евролигата, потенцијално во Еврокупот, во сезоната 2028/29. Искуството од Ф4 на Евролигата 2025, заедно со оние закажани за 2027 и 2029 година, го зголеми интересот на регионот за европски кошаркарски проекти.
Исто така, постои интерес и од други пазари на Блискиот Исток, вклучувајќи го главниот град на Катар, Доха. Сепак, во моментов ниту еден проект не е толку напреден и активен како оној во Абу Даби, кој има за цел потенцијално да се „лансира“ во сезоната 2027-28.


