Кошаркарскиот проект кој се подготвува во Дубаи имаше за цел влезе во Еврокупот и Евролигата, но најмалку до 2026 година ќе остане надвор од овие натпреварување. По завршувањето на сезоната 2025/26, случајот повторно ќе биде разгледан и нема гаранции дека клубот, сепак, ќе биде прифатен.
Имаше најави дека Дубаи ќе игра барем во Еврокупот претстојната сезона, но сето тоа падна во вода откако вчера беше објавен списокот на клубови кои ќе учествуваат во тоа натпреварување. Во моментов, за Дубаи е сигурна само АБА лигата каде деновиве треба да биде официјално прифатен.
Исто така, постоеше надеж за челниците на новиот клуб дека ќе бидат прифатени во Еврокупот барем идната година, но на Генералното собрание на Евролигата, таквата идеја е отфрлена.


