Кошаркарот на Феникс Санс од синоќа е најефикасен Американец кој заиграл во репрезентацијата на САД.
На мечот против Бразил тој постигна 11 поени и стигна до бројката од 494 со што ја помина досегашната рекордерка Лиса Лесли која застана на 488. Со оглед на тоа што Американците се плаасираа во полуфиналето од Олимписките игри, Дурант има уште два меча и речиси сигурно ќе ја мине границата од 500 поени во репрезентативниот дрес.
Освен тоа, тој во Париз го брка рекордното четврто злато од Олимписките игри откако триумфираше во 2012, 2016 и 2021 година.


