Суперѕвездата на Феникс Санс, Кевин Дурант денеска се запиша во историјата на олимписките игри, освојувајќи го своето четврто и веројатно последно злато на најголемата спортска манифестација.
Кеј Ди играше на олимписките игри во Лондон, Рио де Жанеиро, Токио и сега во Париз и на сите нив стигнуваше до највисокото скалило на подиумот. Американската кошарка родила многу големо ѕвезди, но никој никогаш не успеал да го оствари успехот на Дурант и да освои четири златни медали, а со оглед на тоа што репрезентацијата на САД ретко ги испуштала титулите на оваа манифестација, од другите селекции не ни добивале шанси за такво нешто.
Покрај Дурант, четири медали сега има и Леброн Џејмс, но тој има три злата и една бронза, освоена во Атина пред точно 20 години.


