Суперѕвездата на Феникс Санс, Кевин Дурант нема желба да се врати во Голден Стејт Вориорс и таму да ја продолжи кариерата, објавија вечерва американските медиуми.
Менаџментот на франшизата од Калифорнија го посочи ветеранот како главна цел пред крајот на преодниот рок, во желба покрај Стеф Кари да игра уште една голема ѕвезда откако Клеј Томпсон летоска замина во Далас. Сепак, Дурант јасно ставил до знаење дека не постојат никакви шанси повторно да го облече дресот на тимот со кој освои две шампионски титули.
Тој играше во Голден Стејт од 2016 до 2019 година, а титулите ги освои во 2017 и 2018 година при што во двата случаја беше прогласен за МВП на финалната серија. Во моментов тој е член на Феникс кој има искусен и квалитетен тим, но не и резултати какви што се очекуваат бидејќи во моментов со биланс 25/24 се наоѓа на 11. позиција на табелата во Западната конференција.


