Ветеранот на Хјустон Рокетс, Кевин Дурант, постигна 27 поени во победата од 123-122 над Мајами Хит и со тоа го престигна Мајкл Џордан за петтото место на листата на најдобри стрелци во НБА на сите времиња со 32.294 поени.
5TH ON THE NBA ALL-TIME SCORING LIST ☄️
— Houston Rockets (@HoustonRockets) March 22, 2026
Kevin Durant ladies and gentlemen 👏@NBA | @KDTrey5 pic.twitter.com/EvO1Y8m9up
Дурант погоди две тројки по ред од десниот агол на помалку од пет минути до крајот на последната четвртина, од кои втората официјално го стави пред Џордан. По историскиот шут, тој накратко ги крена рацете во знак на триумф додека навивачите на Хјустон со воодушевување го поздравија. Иако промаши потенцијален победнички шут во последните секунди, соиграчот Еман Томпсон постигна кош и му ја донесе победата на Хјустон.
Congrats to @KDTrey5 of the @HoustonRockets for moving into 5th on the all-time SCORING list! pic.twitter.com/4vtDM0f1YN
— NBA (@NBA) March 22, 2026
Оваа сезона Дурант веќе ги помина Вилт Чемберлен (31.419) и Дирк Новицки (31.560) на листата на најдобри стрелци. Следен е Коби Брајант, кој е четврти со 33.643 поени, но за да го помине и него, ќе мора да почека до идната сезона бидејќи од оваа остануваат уште само 12 натпревари.


