Четирикратниот олимписки шампион Кевин Дурант не покажува знаци на замор и веќе планира настап на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година, каде што би можел да додаде уште еден златен медал на својата неверојатна листа на достигнувања.
По неговите успеси со тимот на САД во Лондон 2012, Рио 2016, Токио 2020 и Париз 2024, Дурант ќе има можност на спектакуларен начин да ја заврши репрезентативната кариера – со победа пред американска публика, во неговата родна земја. Евентуалното вакво достигнување ќе биде шлаг на неговата блескава кариера. Дурант тогаш ќе има 39 години, но јасно стави до знаење дека сака да биде дел од составот само ако е сè уште конкурентен.
„Ако сè уште сум свој, ќе бидам таму. Не сакам ветерански подарок ‘седење на крајот од клупата’. Ќе видиме, сè уште уживам во одењето во теретана секој ден, и тоа е добар почеток“, рече Дурант.
На Олимписките игри во Париз 2024, тој имаше просек од 13,8 поени, 6 скока и 2,3 асистенции за 22,2 минути, придонесувајќи за петтата последователна титула на САД на Игрите. Дури и во НБА, со Финикс Санс, Кеј Ди покажа дека е сè уште одличен стрелец, со просек од 26,6 поени, 6,0 скока и 4,2 асистенции, на 36-годишна возраст.
Доколку успее да освои уште еден златен медал на Лос Анџелес 2028, Кевин Дурант дополнително ќе го зацврсти своето место како кошаркарска легенда, но и ќе го запечати својот статус како најдобар стрелец на сите времиња за тимот на САД на Олимписките игри.


