Иако во текот на викендот имаше информации дека Кевин Дурант ќе игра на последниот подготвителен дуел, против Германија, тој сепак не се појави на теренот, а потоа излегоа и нови вознемирувачки информации за американската репрезентација.
Суперѕвездата на Феникс Санс се уште не ја санирала повредата на листот и неизвесно е дали ќе настапи во дуелот со Србија, на отворањето на Олимписките игри во Париз. Дурант не играше на ниеден од петте подготвителни натпревари, а селекторот Стив Кер изјави дека би сакал тој да одработи неколку тренинзи пред да се појави на теренот. Без разлика на неговата физичка состојба, Дурант сигурно ќе биде во составот, но не се знае дали ќе заигра.
Прв противник на американската репрезентација на Олимписките игри е Србија, мечот се игра в сабота и мала е веројатноста Дурант да заигра на тој меч.


