Еден од најдобрите американски кошаркари на сите времиња Кевин Дурант веројатно веќе на следниот натпревар ќе избие на шестото место на вечната листа на стрелци во НБА лигата.
Ноќеска тој го предводеше Хјустон Рокитс до победа против минесота (110-105), постигнувајќи 39 поени за 40 минути во игра со што покажа дека и во 38. година од животот се уште може да игра на врвно ниво. Со овој ефект, Дурант стигна до бројката одд 31.544 поени поени во НБА лигата, само 16 помалку од шестопласираниот Дирк Новицки кој е веднаш пред него.
Нема да биде никакво изненадување ако до крајот на оваа сезона Дурант не влезе во топ-5 стрелци во историјата на НБА бидејќи за да го претстине петтопласираниот Мајкл Џордан му недостасуваат уште 749 поени, а на Хјустон му остануваат уште 43 натпревари до крајот на основниот дел.
Од активните играчи, во топ-10 во моментов се уште Леброн Џејмс кој е убедлив лидер со 42.683 поени и Џејмс Харден кој се наоѓа на деветтото место со 28.667.


