Репрезентацијата на Македонија оствари исклучително значајна победа на стартот на втората претквалификациска фаза за Европското првенство во 2029 година откако на гости ја совлада Австрија со 91-59.
Нашиот национален тим блесна во Виена, доминираше во текот на сите 40 минути, а победата ја зачини и со неколку атрактивни потези.
На нив им се воодушевуваа дури и Австријците, па на официјалните страници на Кошаркарската федерација на оваа земја на социјалните мрежи осамна цепелинот на Димитријевиќ и Рајт со кој беше најавена убедливата победа.


