По низа разочарувања и шест порази по ред во домашното првенство и Евролигата, Реал Мадрид денеска ја оствари првата победа како гостин оваа сезона.
Првата жртва на мадридскиот гигант е Мурсија која ја совладаа со 85-64 и покрај тоа што Чус Матео на располагање имаше само 11 кошаркри. Фелис, Гаруба и Муса се повредени, Ибака е болен, а Рејтан Мејс не играше затоа што стана татко. Поради тоа во составот имаше многу млади кошаркари, како Сиси Геје кој неодамна дебитираше во сениорскиот тим, а денеска своето деби го забележаа и Деклан Дуру и Гилдас Хименес кои добија шанса во финишот.
Ситуацијата ја спаси Марио Хезоња кој се разигра во третата четвртина и во неа постигна 16 од своите 21 поен на овој меч. Благодарение на него Реал отиде ја +24 по три четвртини игра и повеќе немаше дилеми околу победникот. Претходно Реал загуби од Ла Коруња и Билбао како гостин во шпанското првенството, како и Баерн, Басконија, Олимпијакос и Макаби во Евролигата.
Со денешниот триумф Реал го искористи киксот на лидерот Уникаха која вчера доживеа катастрофа со 40 разлика на гости кај Манреса и се доближи на само една победа разлика.


