Познатиот српски стручњак Душко Вујошевиќ е итно примен во болница во Белград поради проблеми со пневмонија, објавија медиумите кај нашиот северен сосед.
Според информациите, тој бил хоспитализиран откако му се влошила здравствената состојба, а покрај белите дробови, проблематично е и срцето. Во моментов се чувствува добро, но задржан е на натамошни испитувања.
Вујошевиќ имаше трансплантација на бубрег во јуни минатата година. Засега нема прецизни информации кога би можел да биде отпуштен на домашно лекување, ниту дали трансплантираниот орган е отфрлен.


