Македонската У18 репрезентација викендов гостуваше во Крајова каде одигра два пријателски меча со соодветната селекција на Романија.
Во првиот натпревар, одигран во саботата загуби со 73-87, а победникот на тој дуел можеше да се предвиди уште во почетната фаза, односно по водството од 29-15 на крајот од првата четвртина. Најефикасни во македонската репрезентација на првиот меч беа Кириловски и Стојановиќ со по 18 поени. Вториот дуел беше потесен и им припадна на домаќините со 82-80, а прв стрелец во напиот тим беше Димитријев со 17 поени.
Сепак, мора да се истакне дека нашиот тим беше ослабен на овие два меча со неиграњето на двајца клучни кошаркари. Поради здравствени проблеми не настапи Никола Јаничиќ, додека центарот Марко Луканоски не му е на располагање на селекторот Горан Андреевски затоа што е со младинската репрезентација на Европското првенство во Полска.
Јуниорската репрезентација ќе учествува на Б-Европското првенство што ќе се одржи од 26 јули до 4 август во Скопје.


