Екипата на Чаир ја презеде лидерската позиција на табелата по второто коло од Првата македонска кошаркарска лига.

Чаирчани, како и Работнички, Пелистер и ТФТ, имаат максимален ефект, но на чело се поради најдобрата кош-разлика по двете победи од по 20 поени разлика. Минатата недела на домашен терен го совладаа Кожув со 99-79, а вчера беа подобри на гости кај Феникс со 92-72. Со тоа оваа екипа потврди дека има исклучително потентен напад бидејќи е единствена која на двата досегашни меча ја мина границата од 90 поени.

Зад квартетот екипи со максимален ефект, се наоѓаат четири екипи кои досега забележаа по една победа и пораз, а без триумф се уште Тиквеш, Вардар, Феникс и Шкупи.


