Зоран Савиќ дефинитивно си оди, а Партизан ќе мора да бара нов спортски директор. Новица Величковиќ и Жарко Паспаљ се главните кандидати да го преземат спортскиот сектор на „црно-белите“.
Како трета опција фигурира името на Миленко Тепиќ, сега задолжен за помладите селекции, кој сигурно ќе остане во клубот, но најверојатно како заменик спортски директор. Кој и да го замени Савиќ, ќе има тешка задача пред себе, бидејќи општото мислење е дека кризата во црно-белиот табор не е само поради директорот, уште помалку поради тренерот Обрадовиќ, туку најмногу за изборот на играчи, поради што раководството на Партизан му понуди на шефот на стручниот штаб да изврши целосна реконструкција на тимот само за да остане на клупата.
Тој сигурно нема да може сам да ја реши оваа ситуација, па затоа останува да се види дали Величковиќ или Паспаљ ќе му помогнат во овој потфат. Паспаљ неодамна се врати во Партизан како член на Собранието на клубот.


