Од 19 до 21 јуни, две македонски младински селекции ќе учествуваат на меѓународен турнир што ќе се одржи во Букурешт.
Во романската престолнина патуваат машката и женската У17 репрезентации кои ги очекуваат силни тестови. За овие генерации не се предвидени европски првенства, па ваквите натпревари ќе помогнат да останат во ритам, а и селекторите да видат со што располагаат во моментов. Покрај Македонија, на турнирот ќе учествуваат и Грција, Молдавија и по две селекции на домаќинот Романија.
Подготовките траат од крајот на минатата недела, селекторите Дејан Стојановски и Виктор Петровски определија по 12 кошаркари и кошаркарки кои тренираа заедно. Експедицијата патува за Романија вечерва, а првиот натпревар го игра в петок.
СПИСОК НА ИГРАЧИ
МАКЕДОНИЈА У17 – МАЖИ
Давид Рајковски – Вардар
Војдан Чадиновски – Вардар
Јосиф Џолев – Вардар
Павел Ѓиноски – Шпанија
Александар Сотир – Шпанија
Александар Котевски – ФМП
Никола Стевков – Водно санс
Виктор Вегов – Водно санс
Илија Коневски – Цедевита – Загреб
Лука Ласо – МЗТ Скопје
Лука Јангелов – Феникс 2010
Данило Филипче – Феникс 2010
Селектор: Дејан Стојановски
МАКЕДОНИЈА У17 – ЖЕНИ
Јана Пислевска – Вардар
Теа Трајковска – Вардар
Марија Димитровска – Вардар
Вања Милосављевиќ – МЗТ Бела вода
Нина Карајанова – МЗТ Бела вода
Глорија Груевска – Крива Паланкa
Ива Колева – Тим Арена
Сиандра Зиба – Струга
Кјара Анастасова – Бадел 1862
Дарија Панкова – Бадел 1862
Душица Мицева – Пробаскет
Сара Митановска – Спорт Тим
Селектор: Виктор Петровски


