Со оглед на тоа што немаше изненадувања во последните два меча од групната фаза, двојките за четвртфиналето од кошаркарскиот турнир на Олимписките игри останаа исти како што беа предвидена вчера.
Испаднаа селекциите на Јужен Судан, Порторико, Шпанија и Јапонија, а и без ждрепката, јасно е како ќе изгледаат двојките за следната фаза. САД ќе се сретнат со Бразил, Германија со Грција, Канада со Франција, а Србија со Австралија. Останува само ноќва да биде одреден костурот, односно кој со кого ќе вкрсти во полуфиналето.
За разлика од групната фаза, натпреварите од четвртфиналето ќе се играат во Париз, а дуелите се на програма во вторник, на 6 август.


