Екипата на Тиквеш ја оствари првата победа во новата натпреварувачка кампања откако вечерва на домашен терен го совлада Гостивар со 80-75.
Интересно е тоа што кавадаречкиот тим доби само една четвртина во целиот меч, втората, но и тоа беше доволно да дојде до посакуваниот триумф. Тие 10 минути му припаднаа на Тиквеш со 25-12, па и покрај тоа што Гостивар беше конкурентен, не успеа да слави.
Клучна се покажа серијата од 14-0 на крајот од втората и почетокот на третата четвртина по која Тиквеш отиде на високи 46-33. Гостивар подоцна се доближи на 47-52, подоцна на 61-65, а на 17 секунди пред крајот и на 75-78 по тројката на Зивчевиќ, но Тиквеш ги одби тие удари дојде до победата.
Повторно најдобар играч на Тиквеш беше Мајкл Грин кој постигна 30 поени, 10 асистенции и 6 скока за индекс 42, но се остакна и Габриел Коскоски кој постигна 13 поени без промашување, плус 11 скока и пствари индекс 24. Роудс го предводеше Гостивар со 20 поени.


