Американскиот репрезентативец Ентони Едвардс се осврна на однесувањето на француските навивачите на натпреварите на кои играат САД.
Добро можеше да се слушне дека при секој контакт на топката на Жоел Ембид, од трибините се слушаат свирежи упатени кон него. Едвардс очигледно не е запознат со ситуацијата, па на новинарите им одговори дека не знае зошто се тие свирежи. Откако му објаснија дека Ембид имаше можност да игра за Франција, а ги одбра САД, продолжи да се чуди.
„Но, ги имате Виктор Вембанјама и Руди Гобер. Зошто Ембид би играл со нив? Ги имате нив двајца, што ќе ви е уште еден таков играч?, праша кошаркарот на Минесота.
Ембид вчера не играше против Јужен Судан, но сепак беше претставен и тогаш, исто така, можеа да се слушнат гласни свирежи од трибините.


