Македонската кошаркарска репрезентација утринава замина за Баку каде в понеделник се среќава со Азербејџан во четвртото коло од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година.
Расположението е одлично по синоќешниот триумф против Луксембург и очекувањата се да продолжи победничката серија. Виктор Ефремовски беше еден од најдобрите вчера и најавува идентичен настап и во Баку.
“Против Луксембург одигравме цврсто и борбено. Тој меч останува зад нас, го заборавсме и сега целосниот фокус е на следниот предизвик со Азербејџан. Одиме на нова победа”, изјави Ефремовски.
Гостиварец погоди четири тројки против Луксембург и постигна 13 поени со што беше трет стрелец во тимот


