Поминаа повеќе од 40 дена откако Жељко Обрадовиќ го напушти Партизан, а начинот на кој го направи тоа, се уште е во главна тема во европската кошарка.
По тоа прашање се јави и поранешниот тренер на МЗТ Скопје, Змаго Сагадин кој своевремено ја водеше и Црвена Звезда. Словенечкиот стручњак застана во одбрана на Обрадовиќ, а ги нападна кошаркарите поради кои некогаш страдаат тренерите.
„Мене ми се изживуваа дека имав двајца странци во екипата (на Црвена Звезда н.з.), Скуни Пен и Обина Екези. Нормално дека тренерот е виновен, тој ги поставува работите во екипата. Но, во наше време имавме страшно оружје, наречено клупа. Кога некој не те слуша, ќе го заковаш на неа и не игра додека не се опамети. Ама, сега се појавија будали поради кои и еден Жељко Обрадовиќ мораше да си оди“, истакна Сагадин.
По заминувањето на Обрадовиќ, Партизан влезе во серија лоши резултати, веќе има шест порази во низа во Евролигата и ги загуби шансите за пласман во плејофот или пјеинот.


