Денвер како гостин ја победи Индијана, благодарение на одличните настапи на двајца од неговите играчи во првиот тим, Јокиќ и Мареј.
Џамал Мареј постигна 52 поени, што е најмногу во сезоната, а Никола Јокиќ за малку пропушти уште еден трипл-дабл, но најважно од се, Денвер славеше со 135-120. Мареј погоди 19 од 25 шутеви од поле, вклучувајќи неверојатни 10 од 11 тројки, и покрај тоа што беше неизвесен за настап поради повреда на скочниот зглоб. Ова е трет пат во кариерата на Мареј да ја мине границата од 50 поени, но за три остана покус од неговиот рекорд кој изнесува 55.
Разликата помеѓу најефикасниот тим во НБА и оној што се бори со повреди од почетокот на сезоната никогаш не била поочигледна. Нагетс ја презедоа контролата со серија од 13-0 во првата четвртина, поведувајќи со 27-17. И откако Индијана успеа да го намали дефицитот на 50-45 на средина од вториот период, Денвер го заврши полувремето со серија од 22-3, не дозволувајќи им на домаќините да постигнат кош повеќе од четири минути. На средина од третата четвртина беше 92-63, но Индијана потоа намали на само 13 поени и се закани со голем пресврт кој, сепак, не се случи.
Јокиќ постигна 24 поени, заедно со осум скока и 13 асистенции, Брус Браун, Тим Хардавеј Џуниор и Пејтон Вотсон исто така завршија со двоцифрен број поени, а Нагетс ја остварија својата трета победа во последните пет натпревари. Паскал Сиакам ги предводеше Пејсерс со 23 поени, додека Ендру Намбар имаше 16 поени и седум асистенции во ноќта во која шест играчи на Индијана постигнаа двоцифрен број поени.
РЕЗУЛТАТИ
Кливленд – Портланд 110-122
Индијана – Денвер 120-135
Орландо – Сан Антонио 112-114
Атланта – ЛА Клиперс 92-115
Њујорк – Шарлот 119-104
Чикаго – Бруклин 103-113
Хјустон – Сакраменто 121-95
Милвоки – Детроит 113-109
Далас – Мајами 118-108


