Откако вчера доби место во идеалната петорка дебитанти на сезоната во својата конференција, македонскиот репрезентативец Андреј Шошкиќ денеска одлучи да покаже дека тоа признание не му е доделено залудно.
Pratt ➡️ Shoshkikj for 3
— Stony Brook Men’s Basketball (@StonyBrookMBB) March 7, 2026
💻https://t.co/FSwIAd8smG (FloCollege)
🌊🐺 x #CAAHoops pic.twitter.com/LZt6t4UyTE
Во последниот меч од сезоната, неговиот Стони Брук загуби на гости од Кемпбел со 89-96, но Шошкиќ буквално експлодира на теренот. За 37 минути во игра, постигна 35 поени што е негов личен рекорд во НЦАА, вклучувајќи пет тројки од осум шута. Со тоа беше апсолутно најефикасен играч на натпреварот кој по многу нешта беше мошне чуден.
Perfectly executed 👌
— Stony Brook Men’s Basketball (@StonyBrookMBB) March 7, 2026
💻https://t.co/FSwIAd8smG (FloCollege)
🌊🐺 x #CAAHoops pic.twitter.com/F0qNX5nH7s
Противникот беше со само седум кошаркари и сите играа, додека кај Стони Брук само петмина се запишаа во листата на стрелците, а тројца од нив постигнаа 90% од поените. Поразот го означи крајот на сезоната за Шошкиќ и за Сивулфс бидејќи денешниот натпревар беше во рамките на првото коло од плејофот.
THE FRESHMAN DOES IT AGAIN🤯
— Stony Brook Men’s Basketball (@StonyBrookMBB) March 7, 2026
💻https://t.co/FSwIAd8smG (FloCollege)
🌊🐺 x #CAAHoops pic.twitter.com/vxygZRVP8I
Својата дебитантска сезона во НЦАА, македонскиот плејмејкер ја завршува со просек од 10,7 поени по натпревар и неколку брилијантни натпревари во кои покажа дека многу лесно може да се снајде на американскиот стил на игра.


