Легендарниот шпански кошаркар Рики Рубио до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Барселона, објави денеска Марка.
Иако од каталонскиот клуб нема официјална потврда на овие информации, Марка соопшти и детали од договорот кој ќе значи враќање на искусниот плејмејкер во Барса по пауза од 13 години. Рубио играше во овој клуб од 2009 до 2011 година и во тој период освои вкупно пет трофеи, вклучувајќи и еден во Евролигата.
Минатата недела Рубио соопшти дека поднел барање до Барселона да тренира со тимот оваа сезона откако во текот на летото соопшти дека поради депресија ја става во миурвање играчката кариера и си оди од Кливленд Кавалирс чиј член беше претходно. Со оглед на тоа што преодниот рок во Евролигата завршува утре, Барса мораше брзо да интервенира и очигледно е постигнат договор според кој тимот ќе добие големо засилување и ќе може да му парира на Реал и во домашното првенство и во Евролигата.
Рубио веројатно нема веднаш да заигра, но официјално ќе се води како кошаркар на Барселона и ќе почне кога тој ќе се почувствува физички и ментално подготвен за тоа.


