Најголемите ривали во шпанската кошарка Барселона и Реал Мадрид ќе ги одмерат силите во својот прв официјален натпревар од новата сезона.
Денеска беше одржана ждрепката за шпанскиот Суперкуп, а таа одреди гигантите да се сретнат уште во полуфиналето од ова натпреварување. Суперкупот ќе се одржи во Мурсија на 21 и 22 септември, а ќе учествуваат уште домаќинот и Уникаха.
Реал Мадрид е освојувач на шпанскиот Суперкупот во неговите последните шест изданија, а Барселона не триумфирала во него од 2015 година. Уникаха обезбеди учество како најдобра екипа во основниот дел од сезоната во АЦБ лигата, а Мурсија поради тоа што направи голема сензација и стигна до финалето од плејофот каде загуби од Реал со 0-3.


