Камерунецот со американски пасош Жоел Ембид уште еднаш ги збуни љубителите на кошарката со својата неверојатно висока самодоверба.
Во интервјуто во кое, меѓу другото, зборуваше дека неговите соиграчи од репрезентацијата на САД се стари, центарот на Филаделфија истакна дека можел да биде најдобар на сите времиња.
„Да немав толку многу повреди во кариерата, сигурно ќе бев најдобар на сите времиња. Секоја година во основниот дел од сезоната или во плејофот некој паѓаше на моите колена или ме удираше по лицето. Кога ќе размислам подобро, единствената работа која ме влечеше назад последните години беа повредите“, рече Ембид.
Во досегашниот дел од кариерата, искусниот центар освои само едно МВП признание и тоа минатата година. Со Филаделфија, која го избра како трет пик на драфтот во 2014 година, се уште нема титула во НБА.


