Македонскиот стручњак Емил Рајковиќ има ретка можност летово да учествува на НБА Летната лига, како тренер-гостин во стручниот штаб на Сан Антонио Спарс.
Подготовките за тоа натпреварување се веќе почнати, а ќе се одржи од 9 до 19 јули во Лас Вегас. Летната лига традиционално се игра овој месец, а служи за докажување на младите кошаркари кои тукушто влегле во НБА или се борат за договор со некој од тимовите.
Што се однесува до тренерите, во случајот со Рајковиќ, НБА франшизите секкоја година ангажираат европски стручњаци. На екипите тоа им се служи за размена на идеи, а на тренерите да видат како се работи во НБА.

Рајковиќ ќе работи во Сан Антонио Спарс кој последната сезона стигна до големото финалето од НБА лигата. Тоа е една од најдобрите франшизи во НБА, со пет шампионски титули во историјата, а нема сомнение дека во сезоните што претстојат ќе се бори за нови трофеи, со оглед на тимот кој го има на располагање и новата светска кошаркарска ѕвезда Виктор Вембанјама.
Емил Рајковиќ е убедливо најуспешниот македонски стручњак, а повеќе од една деценија работи во странство. Најголемо достигнување му беше клупата на осумкратниот европски шампион ЦСКА каде работеше безмалку две сезони, а двапати беше прогласен за тренер на годината во ВТБ лигата.


