Арбитрите кои го водеа вчерашниот натпревар од АБА 2 меѓу Златибор и Борац Бања Лука експресно се казнети за својот превид.
Мечот го водеа Радош Савовиќ, Војислав Лепетиќ и Миодраг Лакичевиќ, а ниеден од нив не забележа дека дури две минути екипата на Златибор во поле беше со шест кошаркари. Кога вишокот играч сфати дека не треба да биде на терен, тивко го напушти теренот и замина на клупа, а дури ни тогаш арбитрите не видоа ништо чудно.
Тројцата судии сега се суспендирани со два натпревара забрана за судење, во темпо на делегирање.


