И по две одиграни кола во АЦБ лигата, екипата на Барселона е без победа, но денеска доживеа еден од најтешките порази во својата понова историја.
На домашен терен, Барса загуби од својот каталонски ривал Љеида со 86-91 што е првокласна сензација на стартот од новата сезона во шпанското првенство. Љеида е дебитант во АЦБ лигата и досега е најголемо изненадување бидејќи по минатонеделниот триумф против Бреоган, денеска славеше и во Блауграна со 87-68.
Гостите водеа во најголем дел од натпреварот, во втората четвртина имаа и +13, но Барселона сепак имаше шанса да победи. Во последната четвртина во неколку наврати, потоа беше 82-82, а шансата за ново израмнување домаќините ја пропуштија на околу една минута пред крајот. Преку Пантер тогаш се доближија на -2, имаа и напад за да го израмнат резултатот, но не погодија, па Љеида со серија од пет поени отиде на недостижни +7.
Барса загуби од Љеида и во „генералката“ за новата сезона, а со денешниот пораз продолжи во стилот „топло-ладно“. Од пет официјални натпревари, успеа да ги победи Панатинаикос и Валенсија во Евролигата, а загуби од Хапоел во истото натпреварување, плус од Валенсија и Љеида во АЦБ лигата.


