Искусниот француски плејмејкер Тома Ертел нема да биде во плановите на селекторот Венсан Коле за Олимписките игри, тврдат медиумите во оваа земја.
Париз ќе биде домаќин на големата спортска манифестација, но Ертел, како и лани за Светското првенство, нема да добие повик затоа што не ги почитуваше инструкциите од Федерацијата и отиде да игра во Русија, поточно во тимот на Зенит. Во октомври 2023 година, претседателот на ФФББ, Жан Пјер Сиута објави дека е можно Ертел да добие помилување и дека се работи на негово враќање во репрезентацијата, но до такво нешто, сепак, нема да дојде.
Французите се цврсти на својата одлука и покрај тоа што плејмејкерската позиција во националниот тим е најслабо покриена. Неодамна, хокејарот Стефан да Коста беше вратен во хокејарската репрезентација на Франција и покрај тоа што игра во Русија, но со Ертел тоа нема да биде случај иако се уште не е објавен ни поширокиот список.


