Репрезентацијата на Естонија е победник на Европскиот шампионат Б-дивизија во кадетска конкуренција што се одржа во Скопје.
Во финалниот натпревар, Естонците ја победија Романија со 76-71 во меч во кој водеа безмалку 37 минути, а највисоката предност изнесуваше 18 разлика. Естонската репрезентација е една од само двете на ова првенство кои ја победија Македонија, но ќе се памети оној скандалозен пораз од Шведска кој ја оневозможи нашата селекција да се пласира во четвртфиналето.
Естонија и Романија идната сезона ќе играат во А-дивизијата во кадетска конкуренција, заедно со Швајцарија која во „малото финале“ ја победи Белгија со 80-75. Македонија на крајот го освои десеттото место.


